Патиштата како брзински писти: Гостиварец згазил на гас и возел со 205 км/ч
Гостивар, 19 април 2023 – Високите казни и одземањето на возачката дозвола очигледно не се доволна закана за „брзите и бесни“ возачи. Прекумерното притискање на папучата за гас, еден гостиварец ќе го чини 400 евра и едногодишна забрана за управување возило. Тој фил фатен во радар со брзина од 205 км на час. Друг возач пак на автопат кај дебрешкиот надвозник се движел со близу 170 км/ч.
Полициските контроли за следење на брзината на возачите и натаму се спроведуваат на гостиварското подрачје.
Вчера (18 април) од 7 до 13 часот контролирана е брзината со која се движат возилата, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта, во која биле откриени и санкционирани вкупно 19 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место.
– Едно од пречекорувањата било за над 70 километри на час, а осум до 70 километри на час. Покрај ова, санкциониран еден случај на друг сообраќаен прекршок, наведува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 10 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од големината на пречекорувањето. Возачите кои значително ги пречекорувале дозволените брзини ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Коментарите се затворени.