Полицијата препорачува: За Бајрам да се вози, трпеливо и според сообраќајните прописи

Гостивар, 19 април 2023 – Во пресрет на претстојниот празник Рамазан Бајрам кога се очекува зголемена сообраќајна динамика, пожелно е да се има трпение и задолжително да се почитуваат сообраќајните прописи додека сте зад волан.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар деновиве значително ги интензивираше континуираните мерки и активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на поширокото полошко подрачје.

– Со цел да се превенираат и оневозможат поголеми застои и метеж на улиците, повремено се практикува и ќе се практикува пренасочување на сообраќајот од таканаречените „тесни сообраќајни грла“ и во одредени „шпиц-периоди“ од денот. ОВР Гостивар очекува разбирање и трпение од возачите, зашто пренесочувањето се прави заради обезбедување на поголема проточост и надминување на евентуални подолги застои, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

СВР Тетово-ОВР Гостивар во пресрет на празникот Рамазан Бајрам уште еднаш со апел до возачите непотребно да не брзаат, не само по автопатот, туку и по другите сообраќајници и целосно да ги почитуваат постојните знаци, правила и прописи, но и наредбите и насоките од полициските службеници.

Овој апел треба да се има предвид посебно кога станува збор за престигнување, давање првенство, држење безбедно растојание и друго, за да се избегнат мешаници и несреќи.

Коментарите се затворени.