Загина велосипедист, на улица го удрил камион мешалка

Гостивар, 20 април 2023 – Едно лице починало во сообраќајна несреќа која случила на крстосница (кружниот тек) близу седиштето  на противпожарната единица. Идентитетот на настраданиот не е познат.

Според СВР Тетово, денес (20 април) околу 15 часот и 30 минути било пријавено дека има сообраќајна незгода на крстосницата на улиците “Гоце Делчев” и “Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило “ман” со мешалка за бетон, управувано од М.К.(56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се врши увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

Коментарите се затворени.