ФК Гостивар на пат кон прва лига
Гостивар, 23 април 2023 По победата над Кожув, второлигашот ФК „Гостивар“ има отворен пат кон ПМФЛ. Во прилог кон остварувањето на целта е и распоредот кој им оди во прилог на „сино-белите“. По натпреварот на кој славеа со 5-1 славеа против Кожуф на домашен терен, „сино-белите се со четири бода помалку од лидерот Воска.
Гостивар сега е на втората позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига, на која дојде по поразот на Вардар од Воска спорт (2-1).
На ФК Гостивар со кој сега има 58 бода му преостануваат уште пет натпревари, три како домаќин и два на гостински терен: Арсими (г), Охрид (д), Детонит Плачковица (г), Борец (д) и Караорман (г).
На неделниот натпревар, Рамадани беше стрелец на два гола за Гостивар, а по еден запишаа Христов, Каланоски и Абази.
Гостивар изминатве денови беше во интерес на медиумите кои го следат спортот и многу се коментираше смената во стручниот штаб кој годинава немаше ниту еден пораз. Еден од кандидатите за влез во Првата лига, на шест кола до крајот се одлучи за промена на предводникот. Гостивар ја раскина соработката со Октај Дерелиоглу, а на негово место го доведе Мурат Дабан.
Гостивар има 18 победи и шест нерешени исходи.
Коментарите се затворени.