За пречекорена брзина напишани казни на 39 возачи
Гостивар, 23 април 2023 – Полициски службеници на СВР Тетово денеска (23 април) од 11 до 17 часот, спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата. При контролата било откриено и законски санкционирано е 39 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Три од нив биле за повеќе од 70 километри на час, 14 пречекорувања до 70 километри на час.
Возачите ќе се соочат со парични глоби и времено одземање на возачките дозволи.
Коментарите се затворени.