Чегранец заврши во притвор за серија кражби во Гостивар и Тетово

Гостивар, 7мај 2023 (МИА) – Едно лице кое се сомничи за серија кражби во куќи, вчера попладне било лишено од слобода и со пријава изведено пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. На З. С. (47) од гостиварско Чегране, синоќа (6 мај) му е определен 8-дневен притвор.

Според информацијата на СВР Тетово, тој вчера попладне е лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар.

– З.С. се сомничи за извршени вкупно 12 кражби и тешки кражби  годинава на подрачјето на Гостивар и Тетово. Најголемиот број од кражбите ги извршил во приватни куќи, наведуваат од СВР Тетово.

Чегранецот З.С. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” за издржување на мерката притвор.

згм

Коментарите се затворени.