Комедијата „Обвинителка“ доаѓа во Гостивар
Гостивар, 20 мај 2023 – Хит комедијата „Обвинителка“ со Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски ќе се игра и во Гостивар.
Центарот за култура АСНОМ ќе биде домаќин на врвната актерска екипа која со нивната игра ја привлекуваат публиката и за оваа претстава се бара карта повеќе
Во најавата за гостувањето стои дека станува збор за комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актуелна тематика. Т
„Обвинителка“ дава свој суптилен коментар на денешното време. Преку низата на драмски ситуации актерското трио Вукичевиќ, Ризова и Ристовски со извонредната актерска игра изнудува многу смеа од страна публиката.
После полните сали каде и да гостува „Обвинителка“ се бара повторна изведба. По барање на публиката хит комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.
Автор на текст: Огнен Неделковски, режија: Сашо Ристовски, улогите ги играат: Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски. Сценограф: Крсто Богојевски, костими: Елена Лука, Музика: Мишел Трајковски.
Почетокот е закажаан за 23.05.2023 (вторник) во 20 часот
Влезниците ќе се продаваат на самиот влез по цена од 200 денари.
Коментарите се затворени.