Одбележан 24 Мај Денот на сесловенските просветители
Гостивар, 23 мај 2023 Со пригодна церемонија и пригодна културно-уметничка програма која организираше Центарот за култура АСНОМ се одбележа 24 Мај денот на сесловенските просветители.
Ученици од повеќе општински средни и основни училишта на малата сцена изведоа поетски творби, рецитали и музички точки посветени на писменоста и мајчиниот јазик.
– Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи.
Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, Св. Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни. Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин.беше кажано во поздравното обраќање, беше напоменато во поздравното обраќање.
Манифестацијата ја проследи и делегација од општина Гостивар која ја предводеше претседателот на советот Ваљбон Лимани. Свеченоста беше заокружена со доделување на благодарници пофалници за учесниците и нивниот придонес.
Коментарите се затворени.