Невремето предизвика поплавување и штети
Гостивар, 25 мај 2023 (МИА) – Невремето со пороен дожд и град предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови и имоти. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината во населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањето дошло од надојдена вода во еден канал за наводнување и куќи кои се наоѓаат под ниво на улици.
Според информацијата на Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 112 за итни повици биле примени повеќе пријави.
– Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар една улица во населбата Бањешница е поплавена со вода која се слеала од каналот за наводнување. Вода навлегла во шест куќи и дворови во с. Беловиште, а еден локален пат не бил во употреба заради високо на ниво на вода која течела по него.
Жители од Циглана, општина Гостивар, предупредиле дека постои опасност од поплавување на куќи во овој дел на градот, но штети не се пријавени
Поплавување на две куќи со подруми и помошни објекти се пријавени на уште две локации. Во помош за санирање на штетите и и испумпување на вода од попладнево терен се и припадници на противпожарната единица и ЈП Комуналец.
Коментарите се затворени.