Пријава за сексуално вознемирување

Гостивар, 26 мај 2023  –  Четриесет и седум годишен гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен за сесксуално вознемирување врз малолетната внука. Случајот во полиција, синоќа го пријавил таткото на девојчето и брат на осомничениот.

Од СВР Тетово, информираат дека во 19 часот и 50 минути четириесет и тригодишен гостиварец вчера (25 мај) во СВР Тетово пријавил дека неговиот 47-годишен брат сексуално ја вознемирувал неговата малолетна ќерка, односно внука на пријавениот. Набрзу по пријавувањето, осомничениот во 20 часот и 15 минути бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар каде се работи на расчистување и документирање на случајот.

Коментарите се затворени.