Гостивар повикува: Ајде на планина!
Гостивар, 27 мај 2023 – Љубителите на рекреативното планинарење и престој во природа добија покана и нов предзивик. Под мотото „Гостивар повикува: Ајде на планина!“ ќе се организира промоција на новата уредена пешачка патека.
Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и Здружението на планинарски спортови “Шари” во изминатите неколку месеци работеа на уредување, чистење и маркирање на 4 планински патеки во околината на Гостивар во должина од околу 40 км. Оваа активност ќе придонесе за активен престој во природа и на гостиварци да им дава уште една можност за прошетки, одмор и релаксација на нови места.
Една од патеките, која официјално ќе се промовира на 1 јули е Бајрак Тепе. Патеката е лесна за пешачење и нуди прекрасен пејзаж. Гостивараци се поканети да ја откријат новата патека и да уживаат во уредениот предел.
Уредувањето на патеките е во рамки на проектот “Гостивар повикува: Ајде на планина”, поддржан од РЕЛОАД2 програмата на УНДП и Општина Гостивар.
Во поканата за Гостивар повикува: Ајде на планина! стои:
– Придружете ни се во откривањето на убавините на градот и практикувањето на здрави животни стилови. Гостивар доби нова пешачка патека Бајрак Тепе во должина од 3 км. Промотивниот настан на пешачката патека е закажан за 1 јуни 2023 во 14 часот. Почетна локација – подрачно Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ с. Бањица.
Агенда:
14:00 – 14:15 Пристигнување на учесниците на почетна локација – подрачно Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ с. Бањица
Претставување на карактеристиките на патеката
14:15 – 15:00 Движење од Дере (550 м.н.в) кон Бајрак Тепе (748 м.н.в)
15:00 – 15:30 Одмор, споделување информации за околината
15:30 – 16:15 Враќање по истата патека до Дере
16:30 Враќање во Горна Бањица и освежување
Коментарите се затворени.