Таравари: Гостивар треба да биде модел во Северна Македонија за меѓуетничките односи
Гостивар 29 мај 2023 (МИА) – Гостивар треба да биде модел во Северна Македонија за меѓуетничките односи е ставот на градоначалникот Арбен Таравари кој го искажа на дебатата што ја организира ЦИВИЛ – Центар за слобода „Граѓански дијалог за односи меѓу заедниците“ во Гостивар во салата на Советот на општина Гостивар.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во неговиот осврт на тема меѓуетнички односи, потенцираше дека истакна дека градот Гостивар е одличен пример за меѓуетнички соживот.
„Во првиот мандат го поставивме знамето на Турција пред општината, додека во вториот мандат го поставивме и ромското знаме и ние сме единствената општина во светот каде се вее ромското знаме. Ако гледате пред општината, се наоѓаат сите знамиња на етничките заедници“, рече Таравари.
Според него земјата треба да го следи примерот на Гостивар во однос на соживот во мултиетничко општество.
„Често велам и со гордост велам дека Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија, град во кој етничките заедници соработуваат и коегзистираат во Гостивар. Соживотот е светол пример за мултиетничко општество. Културниот живот се развива заеднички, секаде и може да се каже дека ее разликуваме од другите општини во Македонија“, подвлече гра доначалникот Арбен Таравари.
згм
Коментарите се затворени.