Децата од градинките „Детска радост“ го одбележаа 1 јуни и 55 години постоење
Гостивар, 1 јуни 2023 – По повод Меѓународниот ден на децата 1 јуни, и јубилејот 55 од постоењето, установата „Детска радост“ организираше завршна церемонија и ги промовираше последните инвестиции во градинката „Пролет“.Пригодната свеченост ја збогатија децата кои настапија на бината и изведоа повеќе точки со песни и игри.
Настанот го проследи и градоначалникот, Арбен Таравари кој напомена дека обезбедувањето на подобри услови на децата е приоритет на општинското раководство.
„На овој ден сме со децата од градинката во која имаме нови инвестиции: нова фасада и ново детско катче. Нема подобар начин да им се посака успех здравје на децата од вложување во условите и средината во кои престојуваат. Впрочем една третина од животот тие го поминуваат во градинки и училишта, рече Таравари.
Во најстариот објект за згрижување деца од претшколска возраст изминатиов период вложени се околу 50 илјади евра, пари кои ги озбезбеди ЈУ „Детска радост“ и локалната самоуправа. Годинава од над 860 деца колку што се згрижени во сите објекти, 286 од наесен ќе тргнат во училиште.
Коментарите се затворени.