Изложба на младата и талентирана Ева Наумческа

Гостивар, 8 јуни 2023 – Гостиварската публика и пошироката јавност на ликовна изложба се запознаа со творечкиот опус и талентот на единаесет годишната Ева Наумческа.

На нејзиното прво самостојно претставување, кое синоќа беше организирано во Центарот за култура „АСНОМ“ публиката можеше да види триесетина дела на младата уметница изработени во молив и акрил на платно. Вештините за цртањето и боењето, во последниве години оваа ученичка ги усовршува во ликовното студио „Артемиса“.

Ева е родена во 2012 година и го завршува петтото одделение во ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар. Првите обиди за сликање ги забележале нејзините родители кога имала 4 години, а набрзо потоа ја запишале на курс по ликовна уметност во галеријата „Артемиса“ кај професорката Синдис Адеми. Со неа ги прави првите посериозни чекори во сликањето и изложбата доаѓа како след на нејзиниот напредок. Низ повеќе фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата на изложбата и делата на Ева.

Коментарите се затворени.