Dance Fantasy- танцов перформанс

Гостивар, 20 јуни 2023 – Културното здружение „Дунек“ и оваа година, во соработка со НУЦК „АСНОМ“ Гостивар организира перформанс со учество на повеќе од 40 девојчиња. Тие како членови на танцовото студио утре ( вторник 21 јуни 2023) на Dance Fantasy на големата сцена ќе ја искажат нивната љубов кон танцот и наученото од менторите: Теодора Волческа и Константина Ѓурковиќ.

– Сакаме да ги поканиме сите љубители модерната коерографија да дојдат и да се расположат со хип-хоп музика и да проследат оваа танцова претстава. Овие талентирани девојчиња се подготвуваа четири месеци и неуморно работеа за да се претстават во најдобро светло. Стекнаа другарства, научија нови работи за театарот, сцената и јавниот настап, наведуваат во поканата од „Дунек“.

Влезниците за оваа танцова претстава може да се набават во МАТ Caffée по цена од 80 денари.

Почетокот на Dance Fantasy е закажан во 19:00 часот.

Коментарите се затворени.