Од полноќ во гостиварско ќе се прска против комарци

Гостивар, 23 јуни 2023 Локалната самоуправа по полноќ ќе спроведе дезинсекција против комарци и апелира до пчеларите навреме да ги заштитат пчелните семејства.

Од општина Гостивар информираат дека вечерва (24 јуни) ќе ја започне првата дезинсекција од земја на територијата на општината за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

Дезинсекцијата ќе започне по полноќ и ќе трае до раните утрински часови, доколку временските услови се поволни. Во случај ако времето е врнежливо или е со силен, дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови, наведуваат од општина Гостивар.

Оваа активност ќе се спроведе со специјализирана опрема и препаратот KULFAK 50 EC.

За да се спречат штети на пчелните семејства, од општината апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита во периодот кога се врши дезинсекцијата.

згм

Коментарите се затворени.