Издаден е првиот туристички водич за Гостивар и околината
Гостивар, 5 јули 2023 (МИА) – Брушурата „Град кој секогаш има гости“ со информации на четири јазици за обележјата, културното наследство, храната и манифестации е првиот туристички водич за Гостивар. Според авторот Даниел Ѓорѓевски, од ова издание, туристите и посетителите ќе откријат повеќе за градот и околината.
На промоцијата која се одржа во младинскиот центар YCC беше кажано дека е ова печатено издание е дел од иницијатива и проект кој е поддржан од УНДП.
– Туристичкиот водич е резултат на мојата работа како археолог во делот на културното наследство. Освен што има податоци за културно-историски знаменитости кои датираат од подалечното, но и поблиското минато во водичот се наведени и модерни карактристи на градот, како фестивали и културно-уметнички друштва, рече авторот Ѓорѓевски.
Претседателот на Советот на општината, Ваљбон Лимани напомена дека ова издание ќе помогне, Гостивар да стане дестинација на туристичките тури во земјава и дека е добар почеток на иницијативата за промоција на градот.
Туристичкиот водич „Град кој секогаш има гости“ е дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ што го спроведе на здружението Полог-Гостивар. Овој проект е во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2, ReLOaD 2 што го финасира Европската унија и се спроведе во соработка со гостиварската општина.
Коментарите се затворени.