Младинскиот совет на прием кај градоначалникот, си ветија соработка во интерес на младите

Гостивар, 10 јули 2023 (МИА) Новоизбраните членови на Младинскиот совет на општина Гостивар остварија средба со градоначалникот Арбен Таравари и ги претставија плановите за работа и делување. На средбата беше потврдена и унапредување на натамошната соработка.

Таравари на приемот им го честита изборот и истакна дека изборот бил спроведен според демократски принципи. Тој изрази надеж дека ова раководство ќе биде активно за време на нивниот мандат кој трае две години.

– Ни се отвора можност да спроведеме заеднички проекти кои се во интерес на младите во нашата општина. Сакам да им порачам дека ќе им бидеме поддршка и ќе помогнеме како општинска администрација колку што можеме, рече градоначалникот Арбен Таравари

Младинскиот совет беше повторно формиран со Одлука за реактивирање на Младинскиот совет која беше донесена во мај на седница на Советот на општина Гостивар. Во локалниот младински совет има единаесет членови како претставници на подмладоците на политичките партии, граѓанските организации и средните училишта. На неодамнешните избори за претседател избран е Леутрим Билали, а за потпретседателка Викторија Филипоска.

Како приоритети во работата ти го истакнаа зближувањето на младите и во рамки на законот за млади, ќе делуваат како советодавно тело во интерес на младите во општината.

Коментарите се затворени.