До крајот на јули во Гостивар ќе дипломираат 30 слаткари
Гостивар, 21 јули 2023 – Триесетина лица кои во мај ја започнаа обуката, до крајот на јули ќе добијат соодветни сертификати за слаткари и можност за вработување. Обуката е дел од иницијативата за приватно – јавно партнерство помеѓу општина Гостивар, Пела тренинг центар и Министерство за труд и социјална политика. Меѓу пријавените во стручната обука за слаткари во првиот Мултифункционален општински центар кои ја следат обуката, дел се лица со попреченост.
– Обуката започна во мај, а идните слаткари и слаткарки веќе се во последната фаза од обуката при што изучија вештини и открија дел од тајните на слаткарството и подготвувањето на храна, рече Филип Јанески обучувач од Пела тренинг центарот.
Од УНДП информираа дека изминатиов период овие лица поминаа низ теоретскиот дел и практичната обука. По завршувањето, ќе имаат поголеми шанси за поефикасно и поефективно вклучување на пазарот на трудот, но за отворање сопствен бизнис во туризмот или угостителството како актуелни стопански гранки.
Коментарите се затворени.