Фатени крадци „специјалисти“ за скапи патики
Гостивар, 26 јули 2023 – Полицијата уапси крадци чија специјалност биле скапоцени патики. Извори на Radio G информираат дека „четворката“ изминативе денови оперирала во повеќе наврати и украла дваесетина пара спортски обувки на познати брендови.
Од СВР Тетово потврдија дека завчера (24-јули) во периодот од 13.30 до 16.40 часот, на улиците „18-Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“ ул.„ЈНА“ и ул.„Борче Велјановски“ во Гостивар биле лишени од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
– Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно докумнетирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Тетово.
Оваа група ги следела навиките на гостиварци кои обувките ги оставаат на влезот од домот. На таков начин тие биле лесен плен на „четворката“ која ги избирала токму патиките кои имаат вредност од повеќе стотина евра.
Коментарите се затворени.