Празничен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ за Денот на државноста – Илинден
Гостивар, 29 јули 2023 – Градското културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ во вторник ќе одржи целовечерен концерт по повод одбележувањето на празникот, Денот на Републиката – Илинден.
Празничниот концерт, покрај програмата што ќе ја изведат членовите на „Браќа Ѓиноски, ќе биде дополнет со настапите на културно-уметничкото друштво „Брвеница“ од Брвеница, солистите Владо Глигороски, Теодора Матеска, Ѓурѓица и Јовица Николоски и Брејнфризерс.
Од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ упатуваат покана до љубителите на македонската традиција и фолклор да присуствуваат и заеднички да се прослави 2 Август денот на формирањето на македонската држава. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот (1.09.2022) во летниот Амфитеатар покрај десниот брег на Вардар.
Коментарите се затворени.