Кошарка: Двајца „младинци“ влегуваат во првиот тим на КК Гостивар
Гостивар, 30 јули 2023 – Прволигашот КК Гостивар во својот состав за претстојната сезона ќе вклучи уште двајца играчи од младинските категории. Постигнатите резултати и прикажаните игри на Никита Исајлоски (16) и Огнен Анастасијевски (17) им ги отворија вратите за влез и настапи во Прва лига.
– Со задоволство можеме да известиме дека одличната работа на КК Гостивар Младинска почна да вродува со плод. По стапките на Тома Стојаноски уште двајца од талентираните играчи потпишаа договор со клубот и ќе бидат дел од него најмалку три години. Со ова Исајлоски и Анастасијески ќе бидат вклучени во работата со првата екипа на КК Гостивар. Им посакуваме со голем успех да го носат дресот на „гордоста на градот” и да ја искористат оваа шанса за да станат одлични кошаркари, наведуваат од КК „Гостивар 1954“.
Проектот „младинска школа“ кој клубот го спроведува во изминативе сезони е базиран на идејата за создавање сопствен играчки кадар и што повеќе играчи-гостиварци во првиот тим.
Коментарите се затворени.