Директорот на БЈБ Сашо Тасевски во посета на ОВР Гостивар

Гостивар, 8 август 2023 (МИА) –  Откривачката дејност на дела поврзани со шверц на дрога во полошко е зголемена на речиси педесет проценти, криминалитетот бележи намалување за 5%, споредбено со истиот период претходната година, а вкупната откривачка дејност на полицијата од овој сектор изнесува 78% оценија директорот Сашо Тасевски и стратешката група при БЈБ по работната посета на СВР Тетово – ОВР Гостивар.

Директорот Тасевски при посетата на Полициската ОВР Гостивар се запозна со реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Од раководството на СВР Тетово беше инфромиран дека безбедносната состојба на подрачјето е поволна и на задоволително ниво, кога станува збор за криминалитетот.

          – Во текот на првото полугодие од 2023 на целото подрачје на СВР Тетово криминалитетот бележи намалување за 5%, исто како и на делата од класичниот криминал, споредбено со истиот период претходната година, а за одбележување е што севкупната откривачка дејност на полицијата од овој сектор изнесува 78%, наведуваат од МВР.

Првиот човек на БЈБ беше информиран дека во првите шест месеци од оваа година овој сектор за внатрешни работи  може да се пофали и со зголемување на откривачката функција за 48% споредено со истиот период лани во справувањето со „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

За време на посетата на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај е потенцирано дека позитивни трендови се евидентирани и во сообраќајот, особено имајќи предвид дека во изминатите шест месеци од годинава на тетовските простори не се регистрирани човечки жртви, наспроти две во истиот период лани, а намалени се и бројките на лице кои се здобиле со тешки или телесни повреди.

згм

Коментарите се затворени.