ВМРО ДПМНЕ и СДСМ влегоа „во клинч“ околу заслугите за одбележување на 18 Ноември

Гостивар, 8 август 2023 (МИА) –  ОО СДСМ Гостивар и ОК ВМРО ДПМНЕ деновие во јавноста излегоа со нивни видувања околу доделувањето на признание (благодарница) на Гоце Димовски координатор на советничката група и претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во придонесот за одбележување на 18 Ноември, Денот на ослободување на Гостивар. Од двата политички субјекти имаат спротиставени гледишта околу заслугите и покренување на иницијативата во Советот на општина Гостивар, овој датум да влезе во програмата на локалната самоуправа и соодветно да се прослави.

За да бидете во информирани во потполност ви ги пренесуваме ставовите на првиот човек на општинската организација на СДСМ, Игор Велјаноски и на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Гоце Димовски. Редоследот е според датум на објава на ФБ профилите.

Обраќање на Игор Велјаноски претседател на ОО СДСМ Гостивар

Почитувани,

Националниот интерес е особено важен и тој треба да биде приоритет на сите граѓани.

Недозволиво е преку лажни вести, нецелосни соопштенија и недоволно точни имформации да се создава лажен патриотизам кој подгрева популизам и сензационализам помеѓу граѓаните, а притоа создава погрершна претстава за работењето на советниците и нивното залагање за интересите на граѓаните.  Ние, треба да сме тие кои обединуваат, а не тие кои создаваат јазови и поделби и истите ги продлабочуваат.

Оттука, како претседател на ОО СДСМ Гостивар, во оваа прилика сакам да изразам јавна реакција на објавата на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар во врска со Благодарница доделена од општина Гостивар по повод чествувањето на 18ти Ноември, денот на ослободување на градот Гостивар.

Покрај оваа ОО СДСМ Гостивар ќе испрати писмен допис до градоначалникот на општината, во кој ќе побара да се објасни врз основа на што општината доделила благодарница за настан кој сеуште не е одржан и истата гласи на име на физичко лице, а не на политичка партија или советничка група?!

Имено, на 17та седница на општина Гостивар одржана на 29.12.2022 година на која се дискутираше за предлози за програмата за култура на општина Гостивар за 2023 година, предлогот за одбележување на овој важен историски ден за нашиот град беше даден и од советничката група на СДСМ и од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, па оттука се поставува прашањето која е поголемата заслуга за претседстелот на ОК ОК ВМРО ДПМНЕ, кој патем добива благодарница на лично име, од советниците од редовите на СДСМ?!

Исто така, во оваа прилика, сакам да напоменам дека ја поздравувам иницијативата на двете советнички групи за одбележување на овој ден кој е исклучително важен за нашата историја, но исто така, напоменувам дека како политичка партија, нема да дозволиме од неговото одбележување да се прави популизам и политиканство, ниту ќе дозволиме да бидеме маргинализирани од организацијата и одбележувањето на празници кои впрочем се празници на сите нас.

Покрај тоа, сакам да напоменам дека за прв пат во историјата на Македонија, во програмата за култура на општина Гостивар се предвиде и се реализира чествување на 24ти мај- денот на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј” по барање на советничката група на СДСМ.

Во програмата за култура, а исто така по барање на советничката група на СДСМ се предвиде и одбележување на 18ти ноември, 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски- Даме и за тоа никој од нас не очекува дека ќе добие посебен орден на заслуги, благодарница или некаква награда.

Напротив, сите граѓани на нашиот град заслужуваат да бидат испочитувани со пригодни манифестации по повод одбележувањето на важни културни и историски настани!

видео од обраќањето на Велјаноски:

https://www.facebook.com/100090195344895/videos/1540017050099638/

Обраќањето на Гоце Димовски од 8 август 2023 во оригинал

ПОЧИТУВАНИ,

ОЧИГЛЕДНА Е ПАНИКАТА И НЕРВОЗАТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ВО ГОСТИВАР.

ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН, БЕВМЕ СВЕДОЦИ НА ПАУШАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДС – ГОСТИВАР, КОЈА ИСТАТА БЕШЕ СОСТАВЕНА ОД ПРАЗНИ ФОСКУЛИ И ПРАЗНИ ОБВИНУВАЊА.

ЦЕЛТА НА ОВАА ДЕНЕШНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА, Е ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЈАВНОСТА СО ФАКТИ И АРГУМЕНТИ, НАСПРОТИ ПРАЗНИТЕ ФОСКУЛИ И ПРАЗНИТЕ ОБВИНУВАЊА.

ИМЕНО, КАКО СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ, ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР, ПРЕД СЕКОЈА НАША ИНИЦИЈАТИВА, БАРАЊЕ ИЛИ ИДЕЈА, КОЕ ПИСМЕНО ГО ДОСТАВУВАМЕ ДО СОВЕТОТ, СЕКОГАШ СЕ КОНСУЛТИРАМЕ И РАЗГОВАРАМЕ, СО СИТЕ ЗАСЕГНАТИТЕ СООДВЕТНИ ЛИЦА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИИ.

ВО ПОЧЕТОКОТ НА ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА, КАКО СОВЕТНИЧКА ГРУПА, ИМАВМЕ ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД ГОСТИВАР, КАДЕ ШТО ЈА ПРЕНЕСОВМЕ НАШАТА ИДЕЈА ОДНОСНО ИНИЦИЈАТИВА, 18-ТИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГОСТИВАР ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР, ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА, СЕ СО ЦЕЛ ДОСЛЕДНО ПРОСЛАВУВАЊЕ НА ОВОЈ ВАЖЕН ДАТУМ ЗА СИТЕ НАС.

ВРЗ ОСНОВА НА СРЕДБАТА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ – ГОСТИВАР, ОД НАША СТРАША БЕШЕ ПОДНЕСЕНО ПИСМЕНО БАРАЊЕ ДО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР.

СОГЛАСНО, ТОА МОЖЕ ДА СЕ ПОТВРДИ КОЈ ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПОДНЕСОЛ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА 18-ТИ НОЕМВРИ ДО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР.

ИСТО ТАКА, НА СЕДНИЦАТА ОДРЖАНА ВО ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА, ОД МОЈА СТРАНА, КАКО КООРДИНАТОР НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ, А ВРЗ ОСНОВА НА ДОСТАВЕНОТО ПИСМЕНОТО БАРАЊЕ, ПРВ ЈАВНО ПОБАРАВ ОД СИТЕ КОЛЕГИ СОВЕТНИЦИ ДА ЈА ПОДРЖАТ ИНИЦИЈАТИВАТА – 18-ТИ НОЕМВРИ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА.

ИСТОТО МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ ОД САМИОТ ЗАПИСНИК ОД ИСТАТА СЕДНИЦА.

ВО ОДНОС НА ДОБИЕНАТА БЛАГОДАРНИЦА ПО ПОВОД 18-ТИ НОЕМВРИ, САКАМ ДА ЈА ИНФОРМИРАМ ЈАВНОСТА ДЕКА БЛАГОДАРНИЦАТА МИ Е ДОДЕЛЕНА ПО ПРЕДЛОГ И ОД СТРАНА НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ – ГОСТИВАР.

ВОЕДНО, САКАМ ДА ЈА ИНФОРМИРАМ ЈАВНОСТА ДЕКА ОВИЕ НАПАДИ ОД ПРАЗНИ ФОСКУЛИ, СЕ НИШТО ВО СПОРЕДБА ШТО ОНА ВО КОНТИНУИТЕТ ГО ПРАВАТ ОДРЕДЕНИ ПОЕДИНЦИ ОД НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА ОО НА СДС – ГОСТИВАР, КОН МЕНЕ И КОН МОИ БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ – ПРЕД СЕ ПРИВРЗАНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ.

НА КРАЈ, САКАМ ДА ЈА ИНФОРМИРАМ ЈАВНОСТА ДЕКА ОВИЕ ПРАЗНИ ОБВИНУВАЊА ОД СТРАНА НА ПРЕТСЕДАЛОТ НА ОО СДС – ГОСТИВАР, КОН МЕНЕ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ГОСТИВАР, СЕ ПОРАДИ РЕЗУЛТАТОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО 2021 ГОДИНА ВО ГОСТИВАР И ПОРАДИ НИВНИОТ ЕВИДЕНТЕН СЛАБ ПОЛИТИЧКИ РЕЈТИНГ СОГЛАСНО СИТЕ ДОСЕГАШНИ ОФИЦИЈАЛНИ АНКЕТИ.

ВИ БЛАГОДАРАМ

видео од обраќањето на Гоце Димовски

https://fb.watch/mi70t3O2Rp/

Коментарите се затворени.