Одговор на општина Гостивар за доделнета благодарница за 18 Ноември

Гостивар, 10 август 2023 – ОО СДСМ и ОК ВМРО ДПМНЕ деновиве влегоа во „клинч“ околу доделувањето на благодарница која се однесува на заслугите за вметнување на 18 Ноември во програмата на општина Гостивар за одбележување на значајни датуми. Ви го пренесуваме соопштението на општина Гостивар во целост.

Соопштение:

Како Oпштина Гостивар, демантираме дека сме доделиле плакети или благодарници на некој од лидерите на политичките партии на ниво на Гостивар.

Како институција, Општина Гостивар ги покри само трошоците за плакетите кои ги подготви и додели самиот Сојуз на борци на Гостивар. По судирите меѓу двата македонски политички субјекти во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сакаме да им појасниме на граѓаните дека на ниту една политичка личност не сме доделиле плакети во врска со манифестацијата организирана од Сојузот на борците.

Жалиме што плакетите не беа на име на Сојузот на борците и во случајов беше злоупотребено името на Општина Гостивар. Ние како институција ќе продолжиме со еднаков третман за сите, без никаков исклучок.

Коментарите се затворени.