КК Гостивар организира семинар за тренери

Гостивар, 15 август 2023 – Во пресрет на новата сезона кошаркарскиот прволигаш „Гостивар“ преку својата младинска школа ќе одржи семинар за тренери за младински категории. Предавач на семинарот ќе биде искусниот македонски стручњак Горан Крстевски.

Овој тренер има тридецениско искуство во кошарката и освоени над 25 медали во младински категории и своето знаење во работата ќе го пренесе на заинтересираните спортски работници.

– Со големо задоволство го најавуваме првиот семинар за тренери во младински категории во организација на КК Гостивар-младинска. Имаме чест предавач на семинарот да биде реномираниот лиценциран ФИБА тренер проф. Горан Крстевски-Кичо, познат во кошаркарската фела со неговиот придонес во младински категории во македонската кошарка и пошироко. Ова една од активностите од заложбата за создавање млади кадри на секое поле во кошарката, велат од клубот. Првиот тренерски семинар во Гостивар се организира 27.08. 2023 во спортската сала Младост. За повеќе информации и пријавување, заинтересираните може да се јават кај:

Петар Ангелов 078 273 173 и Звонко Михајловски 070 229 050

Коментарите се затворени.