ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар прослави 33 години постоење
Гостивар, 18 август 2023 – Со благодарници, евоцирање на спомени и дружење беше одбележан 33 роденден на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Гостивар. Пред партиското седиште во населбата Малеарди дојдоа членови на партијата од повеќе генерации, а имаше и гости од соседните општини.
Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Гоце Димовски во кусото обраќање се заблагодари на сите членови кои како што рече во 90-тите години, започнаа да ја градат и реализираат идејата на ВМРО за самостојна и независна Македонија, со што нивната идеја се прошири и низ цела Македонија.
– Денес, кога го славиме 33-тиот роденден на, сакам да порачам до сите дека чесно и искрено ќе продолжиме да работиме за ВМРО-ДПМНЕ и Гостивар, како што тоа го правевме досега, сè со една цел, а тоа е да покажеме и докажеме дена сите не сме исти. Честиот и искрен пристап кон секој еден граѓанин, поткрепен со силна верба во Бога, беше и ќе остане нашата главна водилка во работењето на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар, бидејќи само на тој начин ќе може да го повториме и надоградиме успехот што сите заедно го постигнавме за локалните избори во 2021 година во Гостивар, рече Димовски.
Благодарници за раководењето со комитетот добија поранешните претседатели: Делче Ицков, Јовица Страшески, Дарко Димитириески, Сашо Аќимоски и Лоран Страшески, благодарници им беа доделени и на претседателките на Унијата на жени: Солунка Војноска, Радмила Бундалеска (постхумно), Јулијана Николиќ, Јованка Ставреска, Наташа Саздоска (постхумно) и Јасмина Василеска. Исто така благодарници добија и претседателите на Унијата на млади сили: Виктор Димитриевски, Марјан Матески, Митко Даилоски, Благоја Грашиноски, Љубомир Ристоски, Васко Момироски, Мартин Андоноски и Милан Јованоски.
Коментарите се затворени.