КК Гостивар ги „запали моторите“, тимот составен од младинци и странци

Гостивар, 22 август 2023 – Гостиварските „сино-бели“ започнаа со едномесечните подготовки пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во првата кошаркарска лига. На првата прозивка на тренерот Никола Димитриески вчера (21 август) дојдоа повеќето кошаркари кои во преодниот рок склучија договори. Деновиве се очекува Вардар да дојдат и преостаните од засилувањата од САД.

Стручниот штаб со првиот тренинг во салата Младост почна да ги реализира плановите за седмата сезона по ред во Првата лига. Според тренерот Димитриевски кој важи за еден од најмладите во лигата (29 години), тимот е речиси целосно реконструиран со нови играчи и членови на клубот од младинските категории.

Тој истакнува дека во соработка со управата на клубот постигнале максимум околу ангажирањето на играчи, кои би требало да обезбедат „топ осум“.

– Со оглед на изедначеноста на квалитетот на повеќето екипи, очекувам интересни и докрај неизвесни дуели и борба за секој бод. Затоа во периодов што ни престои ќе го искористиме за да се воигра екипата и да се постигне кондиционата форма. Закажавме и пет контролни натпревари од кои очекувам се формира костурот на екипата и во создавање на атмосфера меѓу играчите, вели за МИА, тренерот на КК Гостивар, Никола Димитриески.

Во септември „сино-белите“ ќе играат под два натпревари со Чаир (9 и 16 август, и Охрид (20 и 23 август) и со екипата на МЗТ Скопје на 14 август.

Во подготвителниот период, клубот го ангажира и кондицискиот тренер Трајче Богданоски, кој е задолжен за физичката подготвеност на играчите.

Годинава во тимот останаа, капитенот Лефковски, Митевски и младинскиот репрезентативец Стојановски. Меѓу новодојдените се: плејот Гибсон, крилните центри Пауел, Инграм, Коскоски и центарот Остен. На клупата ќе бидат и неколку младинци (Божиноски, Анастасиески, Исајлоски, Јовановски, Смилески, Симјаноски и Милошески) кои ќе се борат за минутажа. Ангажирањето на младинскиот погон го подмлади составот и екипата е една од најмладите во Супер лигата со просечна старост од 24 години.

Гостиварци минатата сезона забележаа неколку извонредни резултати во Суперлигата, но им недостигаше уште малку за да влезат во плејофот. Гостиварската кошарка има многу поддржувачи и настапите на домашен терен ги следи бројна публика, а често се случува натпреварите во салата „Младост“ да се играат пред целосно исполнети трибини.

Коментарите се затворени.