Во тек е акција за чистење на диви депонии
Гостивар, 28 август 2023 (МИА) – Вработени во јавното комунално претпријатие со градежна механизација започнаа да чистат јавни површини на повеќе локации кои беа претворени во ѓубришта и диви депонии ни гостиварската општина.
Акцијата започна со отстранување отпадот насобран на дива депонија во близина на поранешна фабрика „Силика“. Од локалната самоуправа информираат дека во тек се активности за чистење на комуналниот смет и градежен шут во близина на новите градски гробиштата по локалниот пат за селото Дебреше и депониите по помеѓу селата Балиндол – Мало Турчане.
– Јавните простори се места каде што живееме и споделуваме важни моменти со нашите семејства и пријатели, затоа наша морална и граѓанска должност е да се погрижиме овие простори да бидат чисти, потенцираат од општина Гостивар.
Во соопштението на локалната самоуправа им се посочува на граѓаните и правните лица, отпадот да го фрлаат отпад на определени места и да не создаваат диви депонии, во спротивно, како што се наведува ќе следуваат казни.
Акцијата за отстранување на депониите низ гостиварската општина ќе се одвива и во наредниве денови.
https://www.facebook.com/watch/?v=1006982167017683&ref=sharing
згм
Коментарите се затворени.