Пожар во атарот на Речане, горат трева и нискостеблета шума

Гостивар, 2 септември 2023 (МИА) – Вработени во ЈП Македонски шуми и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар во близина на селото Речане Гостиварско кој се појавил претпладнево. Според информациите од Ценатрот за управуавње со кризи (ЦУК), пожарот бил пријавен на на телефонскиот број 112.

– На местото се испратени една екипа од 3 пожарникара и едно ПП возило. Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблестао дерградирана шума, но има зафатено и мал простор со висока шума, информираат од ЦУК.

По пријавувањето на пожарот во атарот на селото Речане е стапено во контакт со ЈП Национални шуми – Подружница Шар Гостивар, кои веќе испратиле на терен екипа со нивни вработени и пристапиле кон гаснење на пожарот. 

згм

Коментарите се затворени.