Две лица зад решетки, осомничени за кражба на овци и дваесетина други кражби
Гостивар, 7 септември 2023 (МИА) – Полицијата лиши две лица од гостиварското село Добридол, под сомнение дека се сторители на дваесетина кражби и последната кражба во штала во селото градец кога беа одземени 48 овци.
Од СВР Тетово информираат дека вчера претпладне полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј. М. (18) и А.Д. (23)
– Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток, наведува портпаралот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски
Според него, за Ј. М. и А.Д. се осомничени и за кражбата извршена на 04.09.2023, при што од штала сопственост на А.А. (49) од гостиварски Градец одзеле 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Во текот на денот, двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар со соодветен поднесок.
згм
Коментарите се затворени.