ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ и Влатко Стефановски трио со концерти во пресрет на празникот 8-ми Септември
Гостивар, 7 септември 2023 – Одбележувањето на Денот на независноста 8-ми Септември во Гостивар започна со концертите на Градското културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ и Влатко Стефановски трио.
Празничниот концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ се одржа во летниот амфитеатар. Пред љубителите на македонскиот фолклор ги проследија настапите на солистите Мирослав Крстески, Ѓурѓица и Јовица Николоски и игроорците кои изведоа сплетови од игри ора.
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски со неговиот бенд одржа концерт во до крај исполнета гледалиште во центарот за култура. Вечерта беше уприличена со врачувањето на плакета и благодарница на Стефановски за неговото полвековно творештво од организаторот на концертот НУ Центар за култура АСНОМ.
Коментарите се затворени.