Откриени 11 „пијани“ возачи, меѓу нив и еден со над 2 промили алкохол во крвта

Гостивар, 17 септември 2023 – Саботната ноќ за единаесет гостиварци заврши со поскапа сметка од испиеното во кафеана, а на некои ќе им биде одземена возачката дозвола. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (16/17 септември) од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола.

Контролите се спровеле за да се утврди дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол. Откриени и санкционирани вкупно се 11 кај кои било констатирано присуство на алкохол во организмот, односно крвта.

– Кај еден возач утврдени се над 2 промили алкохол, а возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби. Зависно од степенот на нивната алкохолизираност, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, наведуваат од СВР Тетово. Покрај паричните казни, тие ќе се соочат и со мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 11 други видови на сообраќајни прекршоци.

Коментарите се затворени.