Мајка го оставила бебето само и заминала во непознат правец
Гостивар, 22 септември 2023 – Полицијата ја најде жената која го оставила бебе само подолго време без грижа. Седум месечното дете е најдено во лоша лоша здравствена состојба, по што е згрижено во гостиварската болница од каде е препратено на скопските клиники. Мајката најверојатно ќе го изгуби родителското право и врз другите две деца.
Според СВР Тетово, вчера (21 септември) во 13 часот и 15 минути било пријавено дека во куќа на улица „Илинденска“ во Гостивар било оставено само малолетно дете.
– Според пријавеното, детето го оставила неговата 39-годишна мајка. Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, наведуваат од СВР Тетово.
Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар наведуваат дека станува збор за комплициран случај и од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство.
Случајот излезе во јавноста вчера попладне, кога по пријава, тим од социјални работници дошол во куќа во центарот на градот и затекнал седумесечно бебе во лоша здравствена состојба.
– Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Според првичните информации, тоа не е во животно загрозувачка состојба и очекуваме наскоро да биде пуштено од лекување. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и тие о најскоро време ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.
Од оваа институција најавуваат и постапка за одземање на родителското право на мајката врз трите деца, бидејќи таа е осудена и до правосилноста на пресудата се наоѓала во куќен притвор.
згм
Коментарите се затворени.