Во Гостивар започна отворена забавна фудбалска школа под мотото „Растеме во шампиони

Гостивар, 10 октомври 2023 (МИА) – Во Гостивар започна отворената забавна фудбалска школа „Опен фан“, под мотото „Растеме во шампиони“. Околу сто момчиња и девојчиња од гостиварските училишта на помошниот фудбалски стадион беа вклучени во активностите засновани на спорт преку игри. Главната цел на овој проект е да се подигне свеста за вклученоста на децата и младите во спортски активности, како предуслов за здрав начин на живот.

– Гостивар е од десетте градови во каде се реализира проектот. Претходно бевме во Гевгелија, Струмица, Неготино, Охрид, а следуваат уште пет. Очекуваме на крајот од овој проект сите овие деца учесници меѓусебно да се запознаат и да се чувствуваат како шампиони, изјави Цено Александроски, главниот координатор на „Отворени забавни фудбалски школи“.

Координаторот на активностите за Гостивар, Вилдан Салиу посочи дека со т.н „grassroot“ спортски активности, ги воведуваат децата и младите во спортот, но и да ги здружат и зближат без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус.

– Затоа, овие активности се значајни бидејќи некои деца никогаш досега не се занимавале со спорт. По овој настан тие може да пројават интерес за зачленување во фудбалскиот клуб, да играат кошарка, ракомет и да постигнуваат успеси, рече изјави Вилдан Салиу, координатор на Отворената забавна фудбалска школа во Гостивар.

На денешниот настан учествуваа деца од три гостиварски училишта: „Исмаил Ќемали“, „Мустафа Кемал Ататурк“, „Гоце Делче“ и „Фаик Коница“ од село Дебреше.

Отворената забавна фудбалска школа „Опен фан“, се организра со поддршка на НЛБ Банка и општина Гостивар и ќе продолжи во Тетово, Кавадарци, Битола, Прилеп и Куманово.

Коментарите се затворени.