Превентивна активност на СВР Тетово: „Стоп на говорот на омраза“
Гостивар, 17 октомври 2023 – Секторот за внатрешни работи Тетово денеска започна спроведувањето на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Првите предавања се одржаа во Средното медицинско училиште во Гостивар. Учениците, беа информирани за законските импликации за говор на омраза, посебно за оние форми на кои предизвикуваат национална, верска или друга нетрпеливост, а кои се темелат на поединечни или групни предрасуди, стереотипи или други општествено негативни состојби и појави.
– Полициски службеници на СВР Тетово на посебен час поблиску ги запознаа учениците со формите и начините на кои се манифестира говорот на омраза, претежно преку социјалните мрежи или во директен контакт со други врсници или повозрасни од нив, наведуваат од СВР Тетово.
Овој проект се реализира петта година по ред и годинава со него ќе бидат опфатени над 2500 ученици од гостиварските и тетовските средни училишта.
Вакви предавања идната недела планирани се и во тетовските средни училишта. Основа цел на проектот е учениците-адолесценти да ги согледаат негативните страни на говорот на омраза и да се воздржат од практикување на истиот, најчесто преку социјалните мрежи, зашто тој може да предизвика други несакани последици.
Коментарите се затворени.