КЗ „ДУНЕК“ со нова претстава пред публиката: „На терапија“
Гостивар, 30 октомври 2023 – Актерите од Културното здружение „Дунек“ од Гостивар, најавија две изведби на новата театарска претстава. Изминатиов месец во соработка со Центарот за Култура „АСНОМ“ подготвена е комедијата за сите возрасти „На терапија“’.
Од „Дунек“ информираа дека претставата е комично видување на ситуацијата во вообичаен ден на еден лекар, во кој на необичен начин доаѓа до промена на работната рутина.
– Во ординацијата, доаѓа неговиот автомеханичар и му ги остава клучевите од автомобилот што бил на поправка. Настанува збрка, по што лекарот и механичарот си ги менуваат идентитети. Докторот ја напушта ординацијата и заминува, а мајсторот останува да ги „поправа“ пациенти кои чекаат во редот.
Она што понатаму ќе се случува со механичарот и неговите „клиенти“ е урнебесно и оставаме на публиката да го доживее, да се смее и ужива, ни рекоа од „Дунек“ по завршните подготовки на новата претстава.
Предвидени се две изведби во вторник (31.10.2023) во:
- 13:00 часот за основните училишта и
- 17:00 часот за средните училишта и останатите љубители на театарот.
Претставите ќе се играат во големата сала Центарот за Култура „АСНОМ“, а цена на билетот е 100 ден. Од „Дунек“ ви порачуваат: Се гледаме во театар!
Коментарите се затворени.