Започна кампања за отчетност и сработеното: „Општина на работа #2 години“

Гостивар, 2 ноември 2023 –  Првиот човек на општина Гостивар објави почеток на кампања чија цел е да се информира јавноста за сработеното во изминативе две години, период откако раководи во вториот мандат.

Преку профилот на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на социјалната мрежа Фејсбук е најавено дека започна кампањата „Општина на работа #2 години“. Преку неа, граѓаните ќе се информираат за изведените работи и активности во текот на две години раководење со локалната власт.

Според објавата, на овој начин ќе се овозможи отчетноста и транспарентноста пред граѓаните кои по втор пат го избраа Арбен Таравари за прв човек на општина Гостивар.

Во текот на кампањата, низ објави локалната власт ќе информира за проекти и завршени работи кои биле финасирани и реализирани од општината и општинските јавни претпријатија во инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита и други области кои се во надлежност на локалната самоуправа.

згм

Коментарите се затворени.