Пожарникарите од Марибор донираа опрема на гостиварските колеги

Гостивар, 2 ноември 2023 (МИА) – Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ја користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски.

Градоначалникот Таравари во изјавата по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од гостиварско кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор.

Амбасадорот Прескер истакна дека иако е за прв пат во Гостивар, ја познава културата и традицијата на Гостивар, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија.

Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

згм

Коментарите се затворени.