Развојна програма на Гостивар за 2024 година: Околу 20 милиони евра за патишта, водовод и канализација, реновирање училишта

Гостивар, 15 ноември 2023 – Над 1,2 милијарди денари се предвидени за подобрување на улици, реновирање на училишта и надградување на водоводната и канализациска мрежа. Толку тежи развојната програма на општина Гостивар за идната 2024 година, а доби и поддршка од советот на општина Гостивар на денешната седница на Совет на општина Гостивар.

Во излагањето пред советниците беше напоменато дека во плановите за идната години има стотина проекти кои се однесуваат на инфраструктурата и подобрување на условите во образовните институции. Мерсел Незири, од Секторот за локален економски развој, напомена дека дел од планираните проекти се веќе во фаза на реализација.

Меѓу поважните се реконструкциите на улиците „Беличица“, „Илинденска“, булеварот „Гоце Делчев“ од Центарот за култура до автобуската станица. Предвидена е адаптација на пристапи до тротоари на повеќе месат за лицата со посебни потреби.

– За проектите во патната инфраструктура се предвидени над 437 милиони денари. За петнаесет проекти кои се однесуваат на водоводната и канализациската мрежа околу 107,3 милиони денари. За училиштата, над 500 милиони денари, главно за реновирање на спортски сали, обнова на фасади, рече Незири.

На седницата, дел од советниците побараа да се внесат и некои предлози, кои како што рекоа во излагањата дека се барање на граѓаните од околните населби Дебреше, Вруток.

Вјолца Бафтиу Зулбеари, (ДУИ) напомена дека и по две години од нејзиниот предлог за уредување на тротоари за пристап за лицата со посебни потреби повотрно е ставен во програмата, но уште не е реализиран и побара тоа да биде приоритет за идната година.

Лек Далипи, (ДУИ) предложи да се инвестира во селото Вруток во насока на промоција и развој на туризмот. Анета Кировска, (ВМРО-ДПМНЕ) предложи во Развојната програма да се предвидат и средства за проекти кои се однесуваат на обнова на фасадите на колективните згради за домување.

Коментарите се затворени.