Трибина: Кажи не за насилството врз жените

Гостивар, 29 ноември 2023 –  Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар организира трибина на тема: Кажи не за насилството врз жените.

 

На трибината која ќе се одржи вечерва (среда, 29 ноември 2023 во 19:00 часот) во малата сала на Центарот за култура ќе зборуваат: Анета Кироска доктор специјалист по семејна медицина и претседателка на УЖ на ВМРО ДПМНЕ – Гостивар , Димитрија Димоски, магистер по казнено право, Магдалена Веселиноска, социјален работник.На трибината ќе се зборува за формите на насилство, како што се психичкото насилство, физичкото и сексуалното насилство врз жената, начините за пријавување и потребата од ресоцијализација на жртвата.

Организаторите потсетуваат дека трибината е дел од активностите под мотото „Важно е да се обединиме за сите жени

 

Коментарите се затворени.