Улицата „Илинденска“ на излезот кон Тетово утре и задутре ќе биде затворена
Гостивар, 30 ноември 2023 – Дел од улицата „Илинденска“ (од крстосницата за ресторан Сајгија и складовите до патарината, до ресторан Ингација) ќе биде затворена преку ден заради асфалтирање.
Од локалната самоуправа во известувањето до јавноста дека поради изведување на работите за целосно асфалтирање се наведува дека утре и задутре 01.12.2023 година (петок) од 10:00-17:00 часот и на 02.12.2023 година (сабота) од 08:00-18:00 часот, улицата „Илинденска“ ќе биде затворена за сообраќај од раскрсницата кај магацинот на ЈП „Комуналец“ до приклучокот за магистрален кон Тетово. Посочените временски интервали на затворање на патот се информативни, а фактички ќе ги диктира динамиката на работите, се навдедува во известувањето.
Коментарите се затворени.