УЖ на ВМРО ДПМНЕ – Гостивар организираше трибина против семејното насилство

Гостивар, 30 ноември 2023 –  Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар синоќа организираше трибина на тема: Кажи не за насилството врз жените.

 

Претседателката на гостиварската унија на жени Анета Ќироска напомена дека овој настан е дел од акцијата на УЖ – 16 дена активизам против родово базирано насилство, преку кој треба да се сврти вниманието и да се справи со сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

–  Под мотото „Важно е Да се обединиме за сите жени“  УЖ на ВМРО-ДПМНЕ подава рака на секоја една жена. Да ги надминеме традиционалните стигми за тоа што ќе речат роднините,пријателите, комшиите,, зашто никој не смее да ти направи нешто без твоја согласност. Но за да се охрабри и може да пријави насилство жртвата треба да верува во институциите но и да биде економски обезбедена. Да се поддржи ,охрабри и да сфати жртвата дека на крајот од тунелот има светлина, рече Ќироска.

Таа потенцира дека држава во која има зголемен број на насилства е нефункционална држава и затоа како што рече, со подигње на свеста и ставање крај на насилството истовремено ги заштитуваме и децата на жртвата. На трибината во малата сала на центарот за култура беше кажано и дека сите институции заедно го сочинуваат синџирот и потребно е да функционираат синхронизирано за успешно справување со оваа појава.

На темата зборуваа и Димитрија Димоски, магистер по казнено право и Магдалена Веселиноска, социјален работник. Тие посочија на формите на насилство, како што се психичкото насилство, физичкото и сексуалното насилство врз жената, начините за пријавување и потребата од ресоцијализација на жртвата.

Коментарите се затворени.