ИГИ Гостивар: Дигитален сервис и Мултисекторско тело за координирано справување со родово и семејно насилство.
Гостивар, 13 декември 2023 – Во рамки на активностите на здружението Иницијатива за граѓански интеграции – Гостивар (ИГИ Гостивар) спроведува проект унапредување на системот на заштита, пристапот до информации и директната помош и поддршка за жените жртвите од семејно насилство. Како поважни сегменти од овој проект се формирањето на Мултисекторско тело и онлајн платформа.
Маја Христовска од ИГИ на прес конференцијата напомена дека станува збор за проектот „ПРЕПОЗНАЈ, ОБРАТИ СЕ И СТОП ЗА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО“, поддржан од ЕУ механизмот за граѓанска отпорност на Европската Унија. Тој се спроведува од август со формирање на мултисекторско тело во кое членуваат претставници од јавни институции (центарот за социјални грижи, суд, општина Гостивар, здравствен дом, полиција, образовни институции) и претставници од локални граѓански организации. Христовска потенцира дека функционирањето на ова мултисекторско тело на ова тело е од особено значење.
– Ова мултисекторско тело изработи програма и акциски план за делување и дефинира принципите на работење, области на делување и целните групи за идната 2024 година. Неговото постоење е значајно бидејќи практиките покажуваат дека координираното делување на институциите со сигурност може да им помогне на жените жртви, кои веќе се охрабриле да го пријават насилството и се одлучиле да ја напуштат насилната средина, рече Христовска.
Од ИГИ Гостивар посочија дека во рамки на активностите од проектот ставен во употреба е и дигиталната платформа Femini force.
– Станува збор за дигитален сервис кој на жртвите од родово базирано и семејно насилство им обезбедува соодветните услуги. За оваа потреба ангажирани се еден правник и еден социјален работник. Оваа активност се заснова на личен пристап кон жртвите и целата комуникација се во потполна анонимност и дискреција., појасни Анета Филипоска извршен директор во ИГИ.
Од ИГИ информираат дека платформата Femini force граѓаните може да најдат информации за законските можности за заштита од семејно насилство, како и информации и совети од финансиски и практични прашања и ризици од понатамошна виктимизација.
– Нашата идеја е да има спроведување на анкети во редовни интервали за да се процени распространетоста и трендовите на сите форми на насилство опфатени со Истанбулската конвенција, вели Филипоска и дополни дека во наредниов период од ИГИ ќе работат на унапредување на координираниот пристап за ефикасна превенција и заштита на жените и девојките од насилство и одржливоста на МСТ. Меѓудругото ќе следува и инклузивно планирање, креирање и спроведување на локални политики за спречување на родово базирано и семејно насилство и потребата за брза, навремена и ефикасна превенција и заштита.
линк до онлајн платформата
https://feminiforce.org.mk/
Коментарите се затворени.