Истанбулската општина Ејуп Султан донираше опрема за младинските категории на девет фудбалски клубови

Гостивар, 20 декември 2023 – Девет клубови членови на гостиварската општинска лига добија донација со спортска опрема за младинските категории. На пригодна свеченост претставниците на Општина Ејуп Султан, Република Турција на која беше домаќин претседателот на Советот на општина Гостивар Ваљбон Лимани предадоа 180 комплети со дресови шорцови.

„Најсрдечно се заблагодарувам на донацијата од братската општина од Истанбул. Секој од деветте клубови ќе добие по 20 комплети кои ќе користат децата фудбалери, рече Ваљбон Лимани, претседател на Советот на општина Гостивар.

Џенгиз Чипен, претставникот на општина Ејуп Султан напомена дека донацијата е дел од соработка која ја иницира членот на гостиварскиот совет Раиф Раиф.

Општина Гостивар е збратимена со општина Ејуп Султан во 2017 година и оттогаш се остварени повеќе меѓусебни посети и заеднички настани како дел од соработката.

Коментарите се затворени.