Пет лица осомничени за разбојништвото кога беа украдени половина тон марихуана

Гостивар, 28 декември 2023 –  Пет лица се уапсени под соменине дека извршиле разбојништво во фабриката за производство на канабис во атарот на гостиварско Чегране и беа украдени над половина тон марихуана. Од полицијата информираат дека по еден месец со преземените дејства успеале да приберат докази и го расчистиле настанот.

Од СВР Тетово информираат дека Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално – технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.

– Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица на кои до Основното јавно обвинителство Гостивар им поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. Кривично се пријавени Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18), наведуваат од СВР Тетово.

Оваа петчлена група се сомничи дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar