Работилницата за репарација „Прогрес“ го украси паркчето пред општинската зграда

Гостивар, 30 декември 2023 – Неколку фигури со новогодишни мотиви се поставени во паркчето пред општинската зграда како дел од креативно-хуманитарна активност на волонтери во работилницата „Прогрес“ Ема Нешковска, иницијатор за отворањето на работилницата и која е дел од проектниот тим кажа дека со малку материјал и креациите на талентирани ученици сакаат да придонесат во празничната атмосфера.

– Покрај декоративниот елемент, оваа акција има и хуманитарен карактер. На некои од фигурите ставивме шалчиња и зимски капи. На тој начин ќе овозможиме некому да се затопли и да се послужи со нив. Од друга страна, пак некој родител може да стави некој таков реквизит и овозможи на оние кои немаат да добијат своевиден подарок, рече Нешковска

Таа им се заблагодари на професорките Христина Маркоска, Билјана Беловинова и Рената Стефаноска Тодороска и учениците кои изминативе денови работеле на креациите.

Работилницата за репарација на стари предмети и електрични апарати „Прогрес“, во септември почна да функционира во средното техничко училиште како дел од соработката со клубот на млади на СДСМ, фондацијата Фридрих Еберт и локалната самоуправа. Нешковска е задоволна од одѕивот на граѓаните кои ги користат услугите на работилницата со што како што рече, ја подига свеста на гостиварци почесто да ги поправаат старите и расипани предмети и да не ги фрлаат, со што придонесуваат во намалување на отпадот и ги развива занаетчиските вештини кај младите.

 

Коментарите се затворени.