Градоначалникот Таравари во посета на дежурните служби во градот
Гостивар, 31 декември 2023 – Градоночалникот Арбен Тараври придружуван од соработниците во име на локалната самоуправа им ја честиташе Новата година на вработените во дежурните служби (брза помош, полиција и противпожарната единица).
Таравари во предвечерјето на „најдолгата ноќ“ рече дека седма година по ред со мали подароци ги посетува дежурните служби за да им посака помалку работа и интервенции и дежурстава да им поминат помирно. Низ разговорите со вработените тој беше информиран за нивната екипираност и подготвеноста да делуваат доколку се јави потреба.
Коментарите се затворени.