Богојавление Водици 2024: Утре се сукаат врвките за градскиот крст
Гостивар, 13 јануари 2024 – Од утре (недела) почнуваат подготовките за празнувањето на Богојавление Водици во Гостивар кое дел од десеттата по ред манифестација од нејзиното возобновување.
По тој повод Иницијативниот одбор ги информира православните верници дека утре, 14.01.2024 година ќе се одржи традиционалното сукање на врвките на Градскиот чесен и благодатен крст. Обичајот ќе се одвива во дворот на Соборниот храм на Успение на Пресвета Богородица.
– По тој повод ги покануваме сите христијанки, да учествуваат и да го збогатиме овој свет христијански чин. Пуштањето на врвката започнува во 10:00 часот, а во 10:30 часот ќе се приреди трпеза на љубовта за сите присутни, наведуваат од Иницијативниот одбор Водици 2024 година.
Во тек е пријавување и за вадење на чесниот и животворен крст од Вардар, а заинтересираните може да се пријават на телефонскиот број 070/388-427.
Коментарите се затворени.