ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар: За вработувањата во болницата СДС дозволи грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност при вработувањето во болницата

Гостивар 13 февруари 2024 –  Од ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар преку соопштение до јавноста го искажаа ставот по објавувањето на списокот на новоработените лица, доктори, медицински сестри во гостиварската болница, на неопределено време. Последниот случај, како што се наведува е:  „грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработувањето во ЈЗУ Општа болница “Др. Ферид Мурад” – Гостивар. Во продолжение објавата на соопштението го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште една сцена од серијалот “Едно општество за сите – концепт со кој СДС требаше да обезбеди демократски вредности и еднакви можности за сите” но СДС во улога на потчинет чирак на ДУИ по којзнае кој пат дозволи да се случи грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработувањето во ЈЗУ Општа болница “Др. Ферид Мурад” – Гостивар.

СДС како дел од владиното мнозинсто со најголем број на пратеници во истото, наместо да ја спречи оваа дискриминаторска одлука за избор на кандидати, продолжи да биде потчинет чирак на ДУИ и соучесник во истото.

Очајни и смешни се обидите на СДС преку паушални соопштенија до јавноста да бараат преиспитување на одлуката за избор на кандидати во државни институции каде што тие имаат свои претставници со право на одлучување.

СДС се со цел да го прикрие нискиот рејтинг во Гостивар и ИЕ6 на секој начин пробува да му удоволи на ДУИ за да ги земе на заедничка листа за пратеници во ИЕ 6, бидејќи СДС се свесни за поразот што ги очекува на 8-ми Мај.

Во Македонија никогаш не било полошо. Затоа е важно е да ги поразиме!

Со почит, ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

Коментарите се затворени.